Десетте најпознати проклетства…

Можеби веќе сте слушнале за некои клетви кои си поиграле со имагинацијата на сите луѓе во светот . Дали тоа се  должи само на верувања или навистина се поврзани со некаков натприроден феномен, кој влијаел на човековите  судбини? По смртта на познатата пејачка Ејми Вајнхаус, која влезе во „Клуб 27″, почина на 27-годишна возраст, како и голем број други музичари, многу скептици почнаа да веруваат во клетви. Кои други случаи не тераат да мислиме дека зад настаните стои некаква страшна натприродна  сила?

1. Проклетството на Маден

„Madden NFL” е популарна видео игра на американски фудбал, која ги вклучува имињата на играчите од Националната фудбалска лига на САД и нивните карактеристики. Играта се ажурира еднаш годишно. Првиот херој во неа бил Џон Маден, чие што лице го краси насловната на играта 11 години, сè до 2011 година… Оттогаш наваму други спортисти стануваат рекламно лице на играта секоја година. Се проценува дека секој кој се појавува  на „Madden NFL”, истата година ќе добие сериозна повреда или драстичен пад  на славата. На пример, Мајкл Вик ја скрши ногата веднаш по објавувањето на неговиот лик на насловната. Макнаб изјави дека не верува во клетви и овозможи да го сликаат за “Madden NFL” … И добие хернија уште на првиот натпревар од сезоната. Листата на повредени спортисти, кои се „жртвувале” поради  играта, се збогатува секоја година.

 2. Рунически камен Биеркторп

Во провинцијата Блеокинг во Шведска има неколку камења  распоредени во круг. Некои сметаат дека спомениците се нарекуваат антички гробови. Се уште не се знае со сигурност со каква цел биле издигнати овие камења. Познато е дека се ставени од различни луѓе, иако се позиционирани приближно во исто време – во VII век од новата ера. Еден од камењата е наречен Биеркторп и има мистични својства, а на него е испишана  древна клетва: “Да го изгуби својот пат, да не најде мир и да биде убиен од магичност оној кој ќе го разруши овој споменик. Да го стигне  несреќата “. Според легендата, од  XV век, еден маж се обидел да го тргне каменот, за да ослободи место за сеење на земјоделски култури. Одлучил да запали оган околу споменикот и потоа да го поплави со вода, за да попушти карпата. Но кога го запалил огнот, бил прифатен од пламенот и изгорел жив.

3. Клуб 27

Проклетството Клуб 27 доаѓа од смртта на  многу познати музичари кои починале на возраст на 27 години. „Клубот” веќе вклучува славни личности како Роберт Џонсон, Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобејн.. И ова се само најпознатите музичари во листата, во Клуб 27 има уште десетици други.  Неодамна во нивните редови се вклопија  и Ејми Вајнхаус, која почина во екот на славата на 23 јули 2011 година од срцев удар, предизвикан од труење со алкохол.

4. Џејмс Дин и „Малото копиле”

 

Џејмс Дин е познатиот американски актер од 1950-те години. Неговиот најпознат филм е „Бунтовник без причина”. Џејмс го нарекол  возилото Porche 550 Spider “Малото копиле” иако актерот   Алек Гинис му рекол  дека „Порше”-то му изгледа застрашувачки и му  претскажал дека ќе дојде до смрт една недела по купувањето. На крајот Џејмс навистина загинал по точно 7 дена. Уште пострашно е фактот што по несреќата резервните делови на автомобилот биле продадени и донеле несреќа на новите сопственици. Гумите на „Малото копиле”, монтирани на нов автомобил, пукнале практично истовремено наскоро по купувањето, а возилото излетало од патот.  Макхенри и Вилијам Ешрид се удрија  за време на автомобилско натпреварување, користејки делови од морничавото „Порше”. Има и други несреќни случаи …

5. Проклетството на Супермен


Постојат гласнини дека креаторите на ликот  „Супермен” Џери Сигел и Џо Шустер го проколнале, бидејќи биле измамени од компанија Dc Comics и не добиле ниту денар за својот труд. Актерот, кој го одигра Супермен во истоимениот серијал, Џорџ Ривс, заврши со самоубиство, а  друг актер – Кристофер Ривс, кој ја одигра улогата во подоцнежните филмови за Супермен, падна од коњ при јавање, како резултат на што остана во инвалидска количка цели 9 години. Во 2004 година почина  од запирање на срцето.

6. Проклетството на дијамантот Хоуп

Дијамантот Хоуп е можеби најпознатиот дијамант во светот. Бил  украден од челото на статуата-идол во ХVІІ век. Свештениците  на храмот фрлиле  проклетство врз каменот, што веќе неколку века не ја губи својата сила. Веднаш по кражбата Дијамантот бил продаден на француски трговец кој наскоро бил растргнат од бесни кучиња во Константинопол. Пред смртта трговецот успеал да го подари каменот на францускиот крал Лудовик ХІV, кој воопшто не се сомневал каква страшна моќ  има скапоцениот предмет. Принцезата Де Ламбе го носела дијамантот постојано и била убиена за време на Големата француска револуција. Трагична била судбината и на кралскиот министер за финансии, кој го наследил подоцна  каменот –  умрел во затвор. Сите кои допреле  до овој дијамант го  завршиле својот живот под чудни околности,меѓу кои и самоубиства. Научниците сепак негираат дека дијамантот Хоуп  носи несреќа и сметаат дека овие приказни се измислени за реклама на каменот со цел зголемување на неговата цена. Но сепак,  кој би сакал да поседува проколнат дијамант?
7.Проклетството на Текумсех

Ова  проклетство има многу имиња, на пример „претседателско проклетство” или „проклетството на нултата година”. Историјата е поврзана со голем број на чудни закономерности како смртта на американските претседатели,  завршувајќи на нула – од 1840 до 1960 година. Се  верува дека проклетството датира од времето на претседателот Вилијам Харисон. Додека бил сеуште само гувернер, тој се обидел да го поткупи домородното индијанско население, за да им го одземе земјиштето. Тој го завземал селото на  Текумсех,  лоцирано на брегот на реката Типекано. Братот на Текумсех, кого го нарекувале “Пророкот”, го проколнал  Харисон и му ја претскажал смртта за време на неговото владеење. Клетвата  влијаела и врз сите останати претседатели до седмо колено, избрани низ годините , завршувајќи на нула. Харисон исто така бил избран во ваква година.

8. Проклетството на  момчето кое плаче

 

Се верува дека портретот на некое непознато момче станало причина за голем број експлозии и пожари низ целиот свет. Сликата останувала  непогодена од пламените на местата на несреќите. Познатиот истражувач доктор Џорџ Мелори бил заинтригиран за овие факти и почнал да го бара авторот на делото. На крајот го нашол – уметникот бил старец кој живее во Мадрид. Авторот споделил дека ја нацртал сликата пред многу години, откако нашол момче-сирак, кое талкално  по улиците на градот. Момчето било единствениот преживеан од семејството по пожар. Уметникот додал дека постои свештеник кој го познавал детето, а кој го предупредил дека во  сите домови во кои сиракот ќе  бил примен, избувна  пожар. Уметникот не сакал  да верува на овие гласини и почнал да се грижи за момчето … до моментот во кој не изгорело неговото  студио. По овој случај уметникот го избркал детето и не го видел повеќе.

9. Проклетството на “ноќниот дух”

„Ноќен дух” е името на Трилогијата хорор филмови. Првиот филм излегол во 1982 година, а насилната природа на сликата и ужасната приказна предизвикале многу страшни гласини. Едно сепак не може да се негира – фактите. Четворица од припадниците на филмска екипа умреле во периодот меѓу премиерите на првиот и последниот филм од серијалот. Меѓу загинатите е и 12-годишната актерка Хедер Орурк. Се зборува дека причина за проклетството станало користењето на вистински трупови за некои од сцените.

10. Проклетството на  Кенеди

Ако имате голема фамилија, веројатноста еден од нејзините  членови да умре при несреќен случај не е мала. Но семејството Кенеди забележува ненормално долга листа на прерана смрт. Тед Кенеди изјавил дека над презимето има  сериозно проклетство.  Џозеф Кенеди ја  натерал ќерка му  Розмари да  направи лоботомија  на 23-годишна возраст. Членовите на семејството мислеле дека девојката заостанува во својот развој, односно  страда од чести промени во расположението, можеби заради социјалната изолираност и тешкиот период на растење. Таткото на Розмари мислел  дека операцијата може да и помогне. Како резултат на лоботомијата  сепак таа останала инвалид за цел живот (починала е на 86-годишна возраст од старост). Треба да се напомене дека од петте деца на Џозеф Кенеди само Розмари умрела од природна смрт.

 

 

 

 

 

 

 

- Реклама -