Трик за откривање на ГМО производи

Иако ГМО производите не се обележани постои трик кој може да ви помогне да препознаете ГМО овошје и зеленчук.

Еве неколку застрашувачки факти – ефектот на генетски модифицираната храна на човековото тело никогаш не е научно оценета, но 80 проценти од нашата спакувана храна содржи ДНК манипулирани состојки. За да биде се уште полошо генетски модифицираната храна не е означена како таква, што го отежнува нашиот напор да ја избегнеме. Иницијативата за етикетирање на овие производи е поразена од страна на гигантските произведувачи на храна. Проблем е и тоа што не знаеме како овие производи влијаат на нашето здравје, бидејќи не се објавени резултати од истражувањето како оваа храна влијае на човековиот организам и здравјето.

„ Не се направени испитувања, па сега ние станавме екпериментални глувци. Секој кој вели „Ние знаеме дека оваа храна е совршено безбедна“ или е неверојатно глупав или намерно лаже“, вели канадскиот генетичар Дејвид Сузуки.

Џејсон Калтон, нутриционист кој студирал на Харвард и Јел, е коавтор на книгата „Богата храна, сиромашна храна“, со сопругата Мира. Тој ја истакнува опасноста советувајќи не да се држиме до органските, свежи производи или оние кои се одгледуваат локално, а да избегнуваме ГМО производи. Запаметете дека индустриски добиеното млеко, месо и риба често потекнуваат од животни хранети со ГМО соја и пченка.

Иако ГМО производите не се обележани Калтонови велат дека постои трик за препознавање на оваа храна. Побарајте го го бројот на налепници на производите, кој се вика PLU (Product Lookup Number). Ако PLU е четирицифрен број кој почнува на 3 или 4, тоа значи дека производот не е ГМО, но настанал на фарма која користи хемикалии и пестициди.

Доколку бројот на налепниците има пет цифри кои започнуваат со 9, тоа значи дека производот е органски, создаден без хемикалии, пестициди, односно генетски модификации.

„ Можете со мирна совест да ги купувате овие производи“, вели Калтон.

Но, производите означени со петоцифрен број кој почнува со 8 се генетски модифицирани.

„ Тие се неприродно создадени“.

Поради фактот дека ГМО производите се широко распространети и вообичаено не се обележани, речиси е невозможно сосема да ги избегнете. Меѓутоа, ова овошје и зеленчук е ретко генетски модифицирано: лук, ананас, грашак, манго, аспарагус, модар патлиџан, киви, зелка, благ компир, лубеници и печурки.

Следните производи имаат далеку поголеми шанси да бидат ГМО: јаболки, целер, пиперки, праски, јагоди, грозје, спанаќ, краставици, боровинки, компири, боранија, кељ, портокали , пченка, тиквички, цреша и лути пиперки.

- Реклама -