Најстудените места во светот

Иако во моментов кај нас е прилично топло за овој период од годината, на земјината топка сеуште постојат места каде и пингвините бараат чаша топол чај или варено вино. Ние ви носиме листа на места кои низ историјата се покажале како најладни на планетата Земја, па ако ви се допаѓа Гинисовата книга на рекорди…

Антартикот со причина го завзема првото место на листата на најстудени места во светот. Иако поголемиот дел е населен, освен пингвини и фоки, на Антартикот му нема рамен во најниска температура некогаш измерена. Според податоците на научната станица Плато, температурата без никаква тешкотија се спушта и до 84 степени под нулата, додека просечна годишна температура е -34 степени. Но, рекордот со најниска забележана температура во светот ја држи станицата Восток во која на 21.07.1083-та година измерени се неверојатни -89.4 степени целзиусови.

Научниците се единствените луѓе кои живеат на Антартикот, но тие само работат на лето. Тука шоља варено вино се замрзнува пред да успеете да кажете цимет.

Што се однесува на постојани населени места, најниска температура некогаш измерена е во Сибир. Во јануари овој регион достигнува и -60 степени. Ојмајкон во Сибир е место каде што просечна температура во зима е околу -45 степени целзиусови. Официјален рекорд е поставен со -67,7 степени, со што стана најстуденото населено место. Во селото живеат 900 жители, кои ја трпат зимата цели девет месеци, а кога температурата е околу -30 степени се смета за блага. Тука е толку ладно што ако изнесете празна пластична кеса надвор веднаш ќе замрзне и ќе се скрши како стакло.

Надвор од Русија, титулата за најстудено место го држи Гренланд каде градовите како Northice и Eismittea редовно достигнуваат -35 степени. Најстуденото место во САД, секако, е Алјаска, каде во 2003-та година била измерена -62 степени целзиусови.

Да се преживее во овие услови луѓето мора да се прилагодат на оваа средина и да ги адаптираат своите животи со природата. Во градот Ојмајкон на децата не им е дозволено да играат надвор подолго од 20 минути, бидејќи постои опасност од замрзнување на белите дробови. Многу од најстудените места во светот денес привлекуваат туристи кои сакаат да видат каков е тој живот додека вистинската зима гребе на вратата, па макар само на неколку дена. Сеуште ви фали снег?

- Реклама -