Мароко, земја која претставува мост меѓу северната, јужната и источната култура. Држава која е спој од планини опколени со Атланскиот океан од едната, и Сахара од другата страна. Мароко нуди мешавина од северот, југот и истокот-аристократијата на Европа, егзотиката на Африка и ориенталноста на источните земји кои во оваа држава создале бајковити гратчиња и споменици кои сигурно ќе посакате да ги посетите по втор пат. Во продолжение, ви прикажуваме кратка фото авантура низ оваа магична земја.