Секој може да збори и збори, но не е тоа поентата! Интересниот разговор може да ве однесе во различни насоки и да ви помогне во различни ситуации.
Сите сме го почуствувале стравот од недостаток на интересен разговор и што повеќе сме се труделе тоа повеќе сме заглавувале во досадни теми. Најдобриот совет е едноставниот совет. Имајте ги во предвид следниве 11 теми нареден пат кога ќе се најдете во таква ситуација:
1. Кажи ми за најинтересната личност која си ја запознал.
Бидете претпазливи со оваа тема. Со ова прашање вие го ставате соговорникот во центар на вниманието, а со тоа може и да го натерате да се чуствува незгодно. Нафрлете го прашањево што е можно по релаксирано.
2.Доколку можеш да земеш 7 дена одмор, каде би патувал?
Ова прашање е интересно, поради тоа што и двајцата соговорници можат да разговараат и фантазираат во исто време. Вашиот соговорник би требало да го сака ова прашање, зошто ќе му дозволи да се одалечи од секојдневните мисли барем за кратко.
3. Кој е твојот најубав момент до сега во животот?
Ова прашање му дозволува на вашиот соговорник да се присети на неговите најголеми успеси и да ги сподели мометите на триумф.
4. Што е најспонтаната работа што си ја направил во последно време?
Ова прашање не го поставувајте ако соговорникот не ви изгледа барем малце опуштено. Но доколку разговарате со личност која сака спонтани моменти, со задоволство ќе ви раскаже за неговата последна авантура.
5. Кој имал најголемо влијание врз тебе како личност?
Со ова му дозволувате на соговорникот да ги сподели неговите лични импресии за личностите кои ги идеализира.
6. Што најмногу сакаш да правиш?
Можеби ова прашање е слично со бр.2, но има круцијална разлика. Соговорникот не е ограничен со места за патување и може да го прошири разговорот.
7. Кој е твојот најдобар наследен квалитет?
Ова е добра тема за да се збори за уникатни фамилијарни вредности.
8. Кој е твојот омилен цитат?
Многу интересни луѓе ќе имаат што да кажат. Разговорот ќе ве одведе во насока за човековите вредности.
9. Кој е твојата најомилена историска личност?
Оваа тема е забавна (најчесто безопасна) и на интересен начин ќе ви ги открие академските вредности на вашиот соговорник.
10. Дали си бил на некој добар концерт во последно време?
Ова е многу подобро прашање од “што музика слушаш” поради тоа што најчесто одговорот е “од се по нешто”. Одговорот на ова прашање бара спецификации и исто така го наметнува прашањето за перформанс.
11. Каков тип на патување сакаш? Некаде што ќе можеш да се релаксираш или да истражуваш?
Ова прашање ќе ве одведе во повеќе насоки. Соговорникот ќе може да фантазира но и да открие каква личност е.