Запознајте го Хозе Мујиха. Доколку ви изгледаше како сосема обичен фармер или пензионер, бевте во заблуда, и сте далеку од вистинскиот одговор. Имено, овој човек глобално е познат како „најсиромашниот Претседател“ во светот. Иако е првиот човек на Уругвај, тој живее далеку поскромно од повеќето негови сограѓани. Како пример за човек кој навистина се грижи за сопствениот народ, тој не зема непристојни суми на пари само за да дејствува како политичар. Напротив, господинот Мујиха донира околку 90% од неговата месечна плата од 12.000 долари во добротворни цели.
Претседатели на другите земји, учете!
Сосема е нормално да го сретнете Хозе во вакво издание. Тој не се грижи премногу за неговиот изглед и појавување, едноставно сака да ја води својата земја.
Тој буквално го поминал сиот живот борејќи се за сопствената земја.
Хозе бил герила борец, кој се борел за правата на неговиот народ, бил во затвор два пати, и шест пати застрелан после обидот за бегство.
Ова е претседателската палата во Уругвај. Но тој не живее тука…
Наместо во неа, Хозе си живее на неговата фарма, заедно со сопругата.
Впрочем, тој и работи повремено како фармер. Имено, Хозе и неговата жена одгледуваат и продаваат цвеќиња. Тој исто така вози Volkswagon Beetle од 1987 година.
Единствените чувари покрај него, кои во целост ја покажуваат својата лојалност и посветеност, се неговите кучиња. На Хозе не му се потребни вистински телохранители.
Наместо да се однесува како да е подобар и побогат од останатите, претседателот на Уругвај се грижи да ги пренесе вистинските вредности на неговиот народ, покажувајќи му дека и тој е сосема обичен човек, како и сите останати.