Рецептот на Чарли Палмер: Леб од тиква и пудинг (И соодветен коктел!)

Ова е сезона на печење. Но вообичаените парчиња колачи и пити од тиква можат да изгледаат како застарени колачи од минатата година.
Главниот готвач Чарли Палмер од Burritt Room + Tavern во Сан Франциско нуди повеќе софистицирани избори од празнични слатки, вметнувајќи разновидни празнични вкусови.

„Сите сакаат пита за време на празниците, но овој убав рецепт ќе додаде додатна димензија на вкус со смокви и ѓумбир и ќе ги натера луѓето да мислат дека сте стоеле над рерната цел ден“, вели Палмер.

Совршено надополнување? Соодветно именуваниот коктел Gingerbread Flip cocktail, кој навистина вреди да се направи, го направил Палмер со помош на главниот бармен Џош Трабулси. Епа ова е духот кој се бара!

2013-12-20 15_02_47-Charlie Palmer_ Holiday Pumpkin Bread Pudding Recipe

Подготовка на Gingerbread Flip Cocktail

Состојки:

1 чаша хафен шеќер

1 мл. бренди од јаболка (како Laird’s Applejack)

1 мл. бренди

1 лажичка зачинест ликер (како St. Elizabeth Allspice Dram)

1 јајце

2 тенки парчиња корен од ѓумбир

Украс: цимет, рендано морско оревче, ѓумбир

Подготовка:

1. Во мал сад ставете 1 чаша вода и 1 кафен шеќер да зовријат, повремено промешувајте додека шеќерот не се растопи. Нека се олади на собна температура. Ставете ја во тегла и оставете ја во фрижидер.

2. Додадете 1 лажичка сируп од кафен шеќер и сите состојки во шејкер. Измешајте го ѓумбирот, мешајте енергично и процедете во чаша за коктел. Украсете со ѓумбир, рендано морско оревче и цимет, ако ви е по желба.

Подготовка на Fig & Ginger Pumpkin Bread Pudding

Состојки за 6-8 луѓе

2013-12-20 15_02_54-Charlie Palmer_ Holiday Pumpkin Bread Pudding Recipe

1/2 кг суви смокви

2 чаши вино

1 мл. свеж ѓумбир, излупен и изрендан

8 чаши еден ден стар леб од тиква, исечен на коцки

8 јајца

3 чаши хопла крем

1 чаша млеко

1 чаша кафен шеќер

2 лажички чист екстракт од ванила

2 лажички мелен цимет

1/2 лажичка мелен кардамон

1/2 лажичка мелено морско оревче

1/2 лажичка мелени зачини

сол

3 лажици несолен путер, поделен

4 мл, кристализиран ѓумбир, сечен на тенки парчиња

шеќер

Подготовка:

1. Во тенџере ставете ги смоквите, виното и ренданиот ѓумбир и ставете го малку да зоврие, па тргнете го од оган. Поклопете го и оставете да отстои додека смоквите не го апсорбираат поголемиот дел од виното, околу 30 минути. Потоа извадете ги смоквите, а останатата течност зачувајте ја.

2. Загрејте ја рерната на 180 степени.

3. Коцките леб распоредете ги на тава за печење и печете ги додека не добијат бледо кафена боја на рабовите, околу 5-7 минути. Извадете ги и оставете лебот да се излади, најмалку 20 минути.

4. Во голем сад, ставете ги јајцата, кремот, млекото, кафениот шеќер, екстрактот од ванила, зачините и нокта сол, додадете го виното што остана предходно и миксирајте додека состојките не се соединат.

5. Намачкајте ја тавата за печење со путер. Ставете ги парчињата леб со смоквите и кристализираниот ѓумбир и мешајте со лажица. Додадете млеко над лебот и стиснете нежно за да се апсорбира еднакво. Оставете да стои 20 минути за да се осигура дека е апсорбирана цела течност.

6. Преливот направете го со останатите 2 лажици путер и посипете со малку гранулиран шеќер. Покријте со фолија и ставете да се пече на 160 степени.

7. Печете додека пудингот не е готов, околу 30 минути. Отстранете ја фолијата во последните 10 минути од печењето. Уживајте.

- Реклама -