Дочек на Нова Година низ Македонија

Одлична забава со познатите музички рефрени, динамични настапи, врвни аудио-визуелни ефекти, како и незаборавен огномет најавија организаторите на прославата.
Граѓаните кои ќе одлучат највеселата ноќ да ја поминат на некои од плоштадите низ Македонија, според објавите до сега, ова можат да го очекуваат:

Во главниот град, за Новогодишната ноќ ќе настапуваат Мустафа Имери, Тијана Дапчевиќ, македонската дива Калиопи, а на крај ќе останат дуото Роберт и Панки, или попознати како „Куку Леле“.

Охрид оваа година за Нова година ќе потроши 15 илјади евра за плоштадот, на кој ќе настапуваат македонските ѕвезди: Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Анастасија Петревска, оркестарот на групата „Синтезис“, како и оркестарот „Агушеви“ кои ќе ги забавуваат охриѓани за новогодишната ноќ.

Во Куманово оваа Нова година ќе настапуваат групата Нокаут и кумановскиот рапер Тајзи, по што може да очекуваат спектакуларен огномет.

2013-12-19 16_08_37-За Нова година „Нокаут“ и Тајзи на плоштад во Куманово _ Република Online

Во Неготино се организира дочек на новата година, на кој ќе настапуваат естрадни уметници како: најпопулатниот изведувач од Хрватска, попознат од „Дао сам ти душу“- Ален Славица, групата Чардак и групата Деј Килд Кени. Исто така се очекува на крај спектакуларен огномет.

- Реклама -