Мис Јужна Африка, Ролен Штраус, е прогласена за Мис на светот. Манифестацијата се одржа минатата ноќ (недела) во Лоднон, каде се натпреваруваа 120 интернационални учеснички на 64-тиот напревар за Мис на свет. Првата придружничка е Мис Унгарија, Едина Кулцар, а втората придружничка е Мис САД, Елизабета Сафрит. Штраус има 22 години, студира медицина, а во слободно време игра голф и чита книги. Новата кралица на убавината, која е избраа од 121 мисици, ја посветила победата на својата земја. Новата Мис на светот наскоро ќе отпатува во Хондурас, каде ќе биде изградено училиште чие име ќе го носи името на Мис Ходнурас, Марија Хозе Алварадо и нејзината сестра Софија Тринидад Алварадо, кои биле неодамна убиени. Натпреварот е основан во 1950 година со само 26 учеснички. На следната страна има подетална репортажа со слики од дел од мисиците и нивните изведби: