Поранешните девојки на принцот Влијам (2 дел)

Драги Трачари, специјално за вас два дена по ред ги посветуваме на најинтересните пикантерии од кралското семејство.

Конкретно ја продолжуваме приказната за Принцот Вилијам и неговите девојки. Доколку го пропуштивте првиот дел, започнете со него. ТУКА.

Изабела Анструтер-Гоф-Калторп

По разделбата со Џесика, Вилијам го насочил целото свое внимание кон  Кејт. Двајцата започнале врска, додека печатот пишува дека принцот се загледува и по други жени … На пример во долгогодишната позната, бароницата Изабела Калторп која учела на друг факултет на Сент Ендрјуз.

Од гледна точка на Кејт, Изабела и претставувала сериозна опасност. Мидлтон секако е убава, но Калторп се одликува со надворешност на манекенка – руса коса, витка фигура, долги нозе, заслепувачка насмевка. Присуствувајќи на добротворни настани, Вилијам често си дозволувал да флертува отворено со Изабела, што природно не и се допаѓало на Кејт.

На крајот Мидлтон објави ултиматум – или таа, или Калторп. За среќа, се покажало дека на Изабела воопшто не и се допаѓа принцот, што недвосмислено му го  дала до знаење. Убавицата била вљубена во мултимилионерот и сопственик на компанијата Virgin, Ричард Бренсон. Двајцата се венчаа минатата година.

 

Кејт Мидлтон

Во 2004 година навидум скромниот Вилијам веќе имал доста импресивна „донжуанска” листа. Кејт Мидлтон, која секогаш била до него, следејќи ги советите на мајка си, кои гласеа „Почекај го, ќе се фати на орото” и понатаму останале во добри односи со принцот. Оваа тактика се покажала како доходовна – по одбивањето на Изабела. Вилијам се покајал пред Мидлтон и искрата меѓу нив пламнува со нова сила.

На втората година од нивниот однос новинар на британскиот весник The Sun го прашал Вилијам дали планира да се жени. Принцот одговорил „Ама ве молам, јас имам само 22 години! Ќе се оженам најрано на 29 “. Но годините минувале, а двајцата вљубени  така останувале заедно. Вилијам не брзал да и предложи брак на Кејт. Таа уште не била мажена за принцот, но новинарите започнале да и обрнуваат внимание како на некоја ѕвезда!

Во 2007 година принцот заминал на тренинг во армиски камп во округот Дорсет. Во печатот се појавија гласини дека се разделил со Кејт и дека во слободните воени денови не оди кај неа, туку во ноќни клубови со бразилски студентки. Во април 2007 година двојката официјално објави дека се разделува.На местото на Мидлтон многу девојки би паднале во долга депресија. Но убавицата брзо облекла краток фустан и со гордо крената глава отишла да се забавува во клубот на нивниот пријател Гај Пелин. Вилијам наскоро ја сфатил својата грешка и уште во јули двајцата дошле заедно на еден концерт во Лондон, посветен на споменот на принцезата Дијана. Ниту официјалните извори, ниту самите вљубени не ги коментирале односите. Тие едноставно биле среќни.

 

 

На 16 ноември 2010 година конечно се случило она што целиот свет одамна го очекувал – секретарот на кралското семејство соопшти дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се свршени. Веридбата се случила с далеку од цивилизацијата, во омилената на благородникот,  Кенија. Додека новинарите ја споменуваа Кејт со навредлив прекар Katie Waity („Чека Кејти”), Вилијам нејзиното  свечено и го врачил прстенот на својата мајка, принцезата Дијана. На пресконференцијата за случајот Мидлтон се насмевна фантастично.

 

 

Кога на свадбата на 29 април 2011 година Кејт се појави со тиарата на Елизабета Втора, сите сфатија дека Нејзиното Височество ја одобрува избраничката на внукот. И со право! Кејт стана миленичка на луѓето од целиот свет за неколку дена, а минатата година го почести кралското семејство со нов наследник. На сите слики се гледа јасно дека брачната двојка е неверојатно среќна.

- Реклама -