И на очите им треба одмор, а ова најмногу го сакаат

За почеток, уморните очи одморете ги со неколку минутно мижење. Вметнете навика со која ќе се грижите за нив секојдневно.

Уморните очи можат да бидат резултат на оптеретување, недостаток на сон, алергија, инфекција и стрес. Долготрајна работа на компјутер и документација резултира со замор во очите. А кога очите ви се уморни, целото тело тоа го чуствува, па така и продуктивноста е полоша.

Постојат начини да се ублажат симптомите. Опуштете ги очите и очните мускули со користење на природни техники и вежби.

1. Почести паузи. Тргнете го погледот од документите или екранот и погледнете во далечина, наместо во некој предмет пред вас. Променете го фокусот на нешто друго на секои 20 минути.

2. Брзо трепкајте, а потоа затворете ги и одморете. Трепкањето ги релаксира мускилите околу окото и го влажни.

3. Секој ден спијте по најмалку седум саати (осум би било идеално).

4. Потрудете се да имате прикладно светло. Заради слабата светлина додека работите на компјутер или читате, ги напрегнувате додатно очите.

5. Брзо тријте ги дланките, а потоа со топлите дланки покријте ги очите. Држете ги така рацете додека топлината ја снема. Повторете онолку пати колку ви се потребни.

6. На отечените очи им се потребни ладни облоги. Користете ладни краставици, ладни кесички камилица или памук натопен во ладен чај (билен без шеќер). Легнете и држете го облогот 10 минути.

7. Легнете и ставете топли кесички чај на уморните очи. Држете ги додека не се оладат.

8. Излезете на свеж воздух и широко отворете ги очите.

9. Масажа на челото и скалпот. Затворете ги очите и со лесни движења (со врв на прстите) масирајте го пределот околу очите.

10. Три до пет пати исплакнете го лицето со ладна вода.

11. Релаксирајте се во потполно темна просторија 15 минути.

Вежби за уморни очи

12. Испружете ги рацете, а прстите нека бидат во рамниште на очите. Полека движете ги прстите накај вас и пратете ги со погледот. Кога ќе ви бидат сосема блиску, тргнете го погледот во далечина.

13. Не ја поместувајте главата, а со очите погледнете некој предмет на левата страна. Главата почнете да ја движите на десно, додека со очите и понатаму фокусирајте се на предметот од левата страна. Повторете ја вежбата на другата страна. Потоа погледнете во подот, а главата кревајте ја.

14. Вртете ги очите во смер на срелките на часовникот десет до дваесет пати. Обидете се да направите што поширок круг.

- Реклама -