Мечката и зајакот- Божиќ во шумата

Погледнете ја новата Божиќна реклама на John Lewis, британскиот ланец на стоковни куќи, именувана „The Bear & The Hare“- „Мечката и зајакот“. Сместени во прекрасната шума, кутрата Мечка е единственото животно кое никогаш не добива шанса да го прослави Божиќ затоа што хибернира секоја година. Сепак, оваа година е поинаква. Оваа година Зајакот има брилијантна идеја.

За рекламата е употребена уникатна анимација, стил кој комбинира традиционална 2D рачно нацртана анимација, стоп рамка (stop frame) и 3D модели. Во рекламата песната е ‘Somewhere Only We Know’, изведена од пејачката Лили Ален.

- Реклама -