Научниците открија нов слој во човековото око

Што е толку фасцинантно за науката?

Dua’s layer 3

Таа секогаш напредува кон нешто ново и она што се смета за најново достигнување денес, ќе биде застарено за само неколку години. Сепак, ново откритие во човековата анатомија не очекувавме дека ќе има, но и тоа се случи. Како што испаѓа, најновото откритие за човечката анатомија е само 15 микорони дебело, но за разлика на неговата дебелина, ова откритие неминовно ќе има огромно влијание на медицинската наука. За почетниците, ова откритие ќе резултира во хирургијата, со што операцијата на окото ќе ја направи многу поедноставна и побезбедна во споредба со сегашните ризици поврзани со операција на очите. Пронаоѓачот на ова откритие на нов слој во окото е професор Харминдер Дуа на универзитетот во Нотингем.

Dua’s layer

Тој го пронајде новиот слој присутен во човековата рожница и е именувана по него- Дуа слојот. Овој специфичен слој лежи во задниот дел на рожницата, истата рожница за која предходно се веруваше дека има само пет слоја. Методологијата во изнаоѓањето на овој слој Дуа вклучува инјектирање воздух во рожницата и искористувајќи го електронскиот микроскоп за комплетна анализа на секој слој преку негово скенирање. Очите искористени за ова истражување беа, секако, донирани за истражувачи цели. Колку од вас имаат слушнато за рожница хидропс (corneal hydrops)? Тоа е нарушување кое го заматува окото полнејќи ја со течност рожнцата. Истражувачкиот тип смета дека една солза во слојот на Дуа е причината за ова нарушување.

Dua’s layer 2

Тимот исто така верува дека пронаоѓањето на овој нов слој драстично ќе ги подобри резултатите во хирургијата поврзани со рожините графтови и трансплантацијата. Професорот Дуа го изјави следново за своето откритие: „Ова е големо откритие, што значи дека офтамолошките учебници ќе треба да бидат преправани. Од клиничка перспектива, постојат многу болести кои влијаат на задниот дел на рожницата која лекарите ширум светот веќе почнуваат да ја поврзуваат со присуството или отсуството на солза во овој слој.“ Видете го видеото подолу!

- Реклама -