Виртуелна трансформација: Дознајте како би изгледале 5кг послаби или подебели

Колку пати сте се замислувале како би изгледало вашето лице или тело 5-10 килограми послаби или подебели?

Благодарение на lifestyle магазинот тоа е возможно со само еден клик. Мари Клер на својата веб-сајт создаде многу интересна и забавна апликација со чија помош можете да видите како би ви стоеле различни конфекциски броеви.

1. Кликнете на иконата (Browse) испратете ваша сопствена слика на која може да се види вашата целосна фигура.

2. Кликнете на иконата под сликата (Edit face shape & size) и означете надворешната контура над главата.

3. На левата страна на екранот (Choose desired weight) напишете ја вашата моментална тежина и висина.

4. На скалата означете колку би сакале да ослабете или да се здебелите. Големините се во lbs мерна едниница (1кг изнесува нешто повеќе од 2lbs).

Кога ќе ја изберете посакуваната мерка, фотографијата веднаш ќе се обликува, а вистинскиот ефект ќе го доживеете со кликање на иконата под сликата кој детално ќе ви ги покаже фотофрафиите пред и после (Before & After).

Забаувајте се и дознајте како би ви изгледало вашето лице или тело со повеќе или помалку килограми, а апликацијата може да ја најдете овде.

- Реклама -