Ви делува на „парче месо“? Актерката обвинета за сексизам

Таа стоеше на ротирачки пиедестал така што секој можеше да ја види од сите страни.

Се смееше и позираше, а потоа ја обвиниле дека ги прикажува жените како обични предмети.

„Нашиот успех се базира на фактот што на гледачите секогаш им нудиме нешто атрактивно и интересно за гледање“, рекол директорот на ТВ акареднијата Брус Росенблум. Додека Росенбулм зборувал за вашноста на атрактивната содржина бидејќи само тоа може да ги привлече гледачите, Софија Вергара (42) се вртела на пиедестал покрај него.

Ѕвездата од „Modern Family“ носеше бел долг фустан кој ги нагласуваше нејзините облини и изгледала како кукла која се врти кога ќе се отвори музичка кутија.

Софија, инаку е позната како жена на која не ѝ е проблем да се пошегува на сопствена сметка, но поради овој „перформанс“ на Еми наградите добила многу критики на Твитер. Странските медиуми пишуваат дека се понижала себеси, иако беше јасно дека се шегува, бидејќи се претставила како „парче месо“ кое треба да се гледа, а не како актерка која ѕвездениот статус го стекнала со својата работа.

А, кога била прашана за контроверзноста по шоуто, Софија рекла дека воопшто не мисли дека нејзината изведба како човечка статуа била проблематична.

„Мислам дека е сосема спротивното. Тоа значи дека некој може да биде и сески и смешен во исто време и да се пошегува на своја сметка и да ужива и работи и заработува пари, па мислам дека е целосно бесмислено.“- рекла Софија.

- Реклама -