Заливот Homebush во Сиднеј, Австралија е дом на остатоците на бројни бродови кои работеле во средината на 20 век. Големите пловила кои ја надживеале нивната употребливост биле сместени во заливот каде нивните позачувани делови биле извадени и препродадени или пренаменети.
Еден од нив бил и „SS Ayrfield“, огромниот брод кој во Втората Светска Војна бил користен за транспорт. Сепак, неговата судбина тргнала кон поинаков правец. Наместо да се доуништи, стариот транспортен брод бил трансформиран во еден чуден вид на пловечка шума, дом на дрвја и друга вегетација која постојано никнува во последните неколку декади.
Од 2008 до 2010 година беа вложени значителни напори за ова место да се исчисти од штетните хемикалии и загадувањето од индустриската ера. Откако шумата израсна во внатрешноста на „SS Ayrfield“, ова место денес привлекува бројни туристи кои сакаат да направат мистични и необични фотографии.
Доколку ви се допадна овој пост, тогаш сигурно ќе ви биде интересно да ја погледнете и стаклената плажа во Калифорнија.