102 години од откривањето на најмистериозниот и магичен град во светот

На 24 јули 1911 година, американскиот истражувач Хирам Бингам го открил древниот град на инките кој 400 години лежел напуштен. Истиот тој претставува едно од 7-те чуда на новиот свет.

1137

На денешен ден пред 102 години бил откриен светиот град Мачу Пикчу кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Тој денес останува како богато наследство и сведоштво за врвот на развојот на Инките, а доказ за тоа се и каналите за наводнување, поплочените храмови и камени градби.

2013-07-24 12_15_28-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr

Се верува дека Инките започнале да го градат во 1300 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век подоцна. Многумина веруваат дека главната причина за ова не е покорувањето од страна на Шпанците, туку епидемијата на сифилис коај во тие краеви пристигнала од Европа, а потоа и граѓанската војна.

2013-07-24 12_16_28-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr

Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил воопшто уништен од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен Инка стил, со полирани камени ѕидови.

2013-07-24 12_16_59-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr

Главни градби во локалитетот се Интихуатана, Храмот на сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артфакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.

2013-07-24 12_17_23-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr 2013-07-24 12_17_49-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr 2013-07-24 12_18_02-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr 2013-07-24 12_18_19-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr 2013-07-24 12_18_35-Machu Picchu otkriven je na današnji dan prije 102 godine - Dnevnik.hr Machu Picchu Machu_Picchu_25 Machu_Picchu_Peru_286 machu6 picchu2

Доколку сакате да направите виртуелна прошетка по ова неверојатно место, кликнете тука.

- Реклама -