Времеплов: Ламбада

Ламбадата е веројатно една од оние песни кои на сите нас ќе ни остане во сеќавање до крајот на живот. Некои ја сакаа, некои веднаш стануваа на подиумот за да танцуваат, а други ја мразеа. Во  која група и да припаѓате сигурно се сеќавате на оваа песна.

Немавме ни 10 години.Со другарка ми Драгана слушавме радио, облечени во широките здолништа и одеднаш започнуваше „ламбада“. Веднаш стануваме,  пеевме, игравме скокавме низ куќата. Кога ќе завршеше седевме и повторно ја чекавме. Впрочем, слушавме радио само за да ја пуштат песната, беше голем хит па не ретко можеше да се слушне па радио станиците, или да се начека видео-записот на телевизија… Убави години беа тоа!

Овој танц стана меѓународно популарен во осумдесетите години на минатиот век, особено во Латинска Америка.

Во времето кога танцот уживаше голема популарност, кратките здолништа беа модерни, а мажите носеа долги панталони па со текот на времето танцот неизбежно се поврза со таквата облека.

- Реклама -