Ресторан во кој што е забрането да се зборува

 

Дали  јадењето има побогат вкус, ако се јаде во потполна тишина? Во еден ресторан во Њујорк мислат дека тишината може да биде вкусна, па го забраниле разговорот.

Од надвор изгледа како секој друг ресторан во њујоршкиот кварт Гринпоинт. Но, доколку седнете во ресторанот „Eat“ (на македонски „Јади“), ќе забележите нешто сосема поинакво – потполна тишина.

– Организираме тивка вечера, затоа што сакаме да им пружиме можност на гостите да ја испробаат храната со особено внимание и да го доживеат искуството, што најчесто не може да се случува во вообичаената галама, особено во Њујорк, вели менаџерот на необичниот ресторан Николас Нојман.

Специјалитет на овој ресторан е органска вегетаријанска храна.

- Реклама -