Американскиот режисер, драматург, сценарист и актер Алан Стјуарт Конигсберг, подобро познат како Вуди Ален го слави денес 79-иот роденден.
Започнува вртоглава кариера со тоа што пишува комични скечеви за ТВ емисии и печатени медиуми. Малку подоцна тој самиот се појавува како стенд-ап комичар и гради сопствен лик со карактеристични ставови и карактерни црти.
Така се појавуваат духовитиот и нестандарден хумор со кој што ја освојува публиката и ги развива до широки монолози, наместо да раскажува фрагментирани вицови и шеги. На 17 веќе заработува повеќе од своите родители и легално го променува името во Вуди Ален.
Познат е претежно по многубројни филмови, меѓу кои „Ени Хол”, „Хана и нејзините сестри”, „Сопрузите и сопругите”, „Вики, Кристина, Барселона”, „Полноќ во Париз”… Ален остава на имагинацијата на публиката да ги открие одговорите на некои од најважните прашања.
Еве дел од неговите најпознати цитати:
“80% од успехот во животот се должи на самоувереност.”
***
“Богатството е посакувано пред сиромаштијата, но само од финансиски причини.”
***
“Единствениот начин да бидеш среќен, е да го љубиш страдањето.”
***
“Мозокот е вториот мој омилен орган.”
***
“Размислуваше што да правиме: да одиме на Бахамите или да се разведеме. На крајот одлучивме дека Бахамите се задоволство само за две недели, додека најдобар развод останува за цел живот. ”
***
“Понекогаш мислам на самоубиство. Но сум таков губитник што и тоа сигурно би било само привремено решение на проблемите. ”
***
“Последниот пат кога влегов во жена беше кога ја посетив Статуата на слободата.”
***
“Сексот е најзабавниот дел од сè што можам да правам, без да се смееш.”