Следнава листа е објавена од BBC, инспирирана од смрта на иноваторот Даг Енгелберт, кој го измисли компјутерскиот глушец.
1. LED диодите
Во 1962 година, Ник Холонај ја измислил првата LED диода и предвидил дека таа ќе ја замени Едисоновата сијалица. Неговите колеги верувале дека заслужува Нобелова награда, но тој на тоа само изјавил – “Смешно е да помислам дека некој нешто ми должи. Се се сведува на тоа дека сме среќни што сме живи”.
2. Post-it налепниците
Секоја година се продаваат милијарди од овие користливи самолепечки парчиња хартија, но измумителите др. Спенсер Силвер и неговиот колега Арт Фрај во 1968 година не виделе ни долар.
3. Пушката АК-47
Познатиот “Калашников” е изум на рускиот советски војник Михаил Калашников. Тој ја смислил пушката додека се опоравувал од раните здобиеи во Втората светска војна. Тврдел дека тој изум е за доброто на Руската држава.
4.Сафирна игла
Иако не било возможно да се патентира и од тоа да се направат пари, сафирната игла за слушање на грамофонски плочи ја измислила Марие Килик во 1958 година.
5. Ховеркрафт
Сер Кристофер Кокерел во 1959 година го измислил Ховеркрафтот (анфибизно превозно сретство), и поради тоа ја добил титулата Сер, но сепак не добил никакви пари.
6.Тетрис
Рускиот компјутерски програмер Алексеј Пажитнов во 1985 година, ја развил оваа заразна игра. Но после 10 години добил официјално признание за тоа.
7. Радио на навивање
Тревор Бејлис кој го измислил радиото на навивање, бил правно заобиколен од компанијата со која соработувал, па исто така не видел ни пени од својот изум.
8. Караоке
Јапонскиот бизнисмен Даисуке Иноуе ја измислил караоке машината, но поради тоа што направил само 11 од нив и ги давал под рента, успеал само кратко време да види фајде од својот изум.
9. MP3
Штом MP3 се појави во 1980, набргу се наметна како стандарден облик на компјутерски аудио запис. Студентот Карлхајнц Бранденбург кој го измислил овој формат, поради тоа што немал пари да го пласира софтверот, го пуштил он-лајн бесплатно. Тој се уште тврди дека само поради тоа што овој вид на софтвер бил безплатен, затоа и сите го прифатиле како стандарден.
10. World Wide Web (www)
Како за потсетување, тука е и Тимоти Бернерс Ли, чија првична идеја била да им го олесни работењето на научниците во Церн. За успехот на својот изум, вели дека исто така се должи на тоа што бил безплатен.