10 причини да престанеме да гледаме телевизија

Малку телевизија никогаш не штети – но колку е тоа “малку”?

Статистиката покажува дека просечниот Европеец троши речиси 30 часа неделно во гледање телевизија. Ако оваа бројка ве изненадува, тогаш пресметајте го вашиот личен просек.

man-tv-remote

1. Губење време

Времето поминато во гледање телевизија, е како времето поминато во спиење (со исклучок на тоа што од едното, телото нема витална потреба). Прашањето е дали сакате да проспите уште поголем дел од денот.

2. Лишување од социјален живот

Секој час пред телевизорот е час во кој не се живее живот со полна брзина. Во тоа време можеме да играме со своите деца, да бидеме надвор со пријателите, да се сретнеме со нови луѓе и да правиме многу возбудливи нешта. Врската со другите е една од основните човекови потреби.

child-television_2322538b

3. Се полните со негативно размислување

Речиси секој пренос на телевизија – од вестите до сериите и реалните шоуа  се исполнети со негативност. Размислете кога за последен пат по неколку часа поминати пред телевизорот сте останале во добро расположение? Освен кога пуштаат добар филм, симнете филм.

4. Телевизијата формира масовни ставови

Забавните програми на телевизиите во најголем дел се  полни со стереотипи и по рецепт. Вестите се полни со извештаи за масовни катастрофи, страдање и смрт – до степен, во кој нашите сетила се пригушуваат. Во исто време се водат жестоки спорови и се создаваат драми за какви ли не ситници – во името на спектаклот. Сето ова влијае врз односот кон животот и целокупниот поглед кон светот.

12342333_10206665290565920_5325426881637862055_n

5. Создава нереални очекувања

Телевизијата ја искривува претставата за реалноста. Постојано гледаме убави луѓе кои прават неверојатни работи и преживуваат неверојатни авантури. Прашајте кого сакате од телевизиските ѕвезди сите ќе признаат колку многу шминка и пари трошат за секое појавување под рефлекторите.

6. Создава чувство на несоодветност

Животот никогаш нема да биде таков каков што нам ни изгледа на телевизија. Споредбата со реалноста ќе разочара многу луѓе. Пораките кои пристигнуваат до нас од екранот кришум нè убедуваат дека не сме доволно убави, умни или забавни. Животот започнува да изгледа како медиокритет во споредба со совршенството на телевизискиот свет.

Kardashians-

7. Рекламирање и повторно рекламирање

Нема да згрешите, ако кажете дека има една причина телевизијата да постои и тоа е да нуди производи. Веќе никој не продуцира емисии за да прави прогрес. Секој дел од секоја една телевизиска програма е дизајниран да не држи подолго пред телевизорот, за да може да ги купиме производите понудени преку стандардни реклами или производно позиционирање. Телевизијата нè тера да се чувствуваме лошо, за да купуваме производи кои ќе не натераат да се чувствуваме подобро.

8. Штетата од седењето

Денес водиме поинвалидски живот од било кога. Повеќето луѓе го поминуваме поголемиот дел од денот на бирото пред компјутерите и го отежнуваме проблемот со тоа што одморајќи го мозокот повторно сме во седење. Бројни истражувања покажуваат колку е штетно долготрајното седење за здравјето.

homedistractions

9. Децата ги примаат нашите навики

Во денешно време децата растат пред телевизорот. Голем број студии во изминатите децении укажуваат на негативните ефекти на телевизијата врз физичкиот и менталниот развој на најмалите. За жал, што и да им зборуваме, тие го повторуваат она што го правиме ние. Така и наредните генерации се одразуваат на нашиот избор.

10. Навистина ли си одмараме?

Единствениот аргумент за гледање телевизија е дека е лесно.Завршувате со работа, доаѓа време да се опуштите и малку да го исклучите преоптоварениот мозок – за жал, искуството покажува дека она што е најлесно, ретко излегува најдобро за нас.
Повеќето луѓе ќе се согласат дека спортот, музиката, танцот, средбите со пријателите и времето посветено на некое хоби го оптоваруваат мозокот многу повеќе, отколку што тоа го прави седењето пред екранот.

Имаме еден живот – од нас зависи како ќе го живееме. Наш сопствен избор е тоа дали да го исполниме овој живот со вистински луѓе кои прават неверојатни работи и доживуваат големи авантури, или ќе гледаме измислени животи што за момент ќе не натераат да заборавиме на сопствениот.

- Реклама -