10 познати ѕвезди со препознатлив стилски потпис

Ако е добро поминува- зошто да се смени?

Акцентираме неколку познати ѕвезди кои докажуваат дека добриот стил се сведува на постојаноста.

1. Бела јака

Алекса Чанг без размислување ги става јаките во стилската мапа. Делумно ученичка, делумно софистициран моден додаток додава совршена количина на шарм за секој изглед на оваа девојка од Лондон.

2. Црната е црна

Анџелина Џоли-Пит ја фаворизира црната страна- барем кога станува збор за гардеробата. Од филмските премиери до личните вечерни излегувања, Џоли-Пит докажува дека црната е сè освен обична боја.

3. Костумот е елеганција

Главниот модел во моментов, Кара Делевинг ја прифаќа нејзината игрива страна и го има воспоставено костумирањето како нов стандарден вечерен изглед за стилски жени.

4. Црвени се нејзините усни

Додека личниот стил на Гвен Стефани го види гламурот од женственост до машкуданка, една работа останува постојана- нејзините совршени усни со цвен кармин.

5. Лесен фустан- ноќница

Моделите знаат неколку нешта за облекувањето без напрегање, и не станува полесно од едноставен свилен фустан, како што е докажано од појавувањата на Карен Елсон на црвениот тепих.

6. Како позајмено од момците

Кејт Мос ја знае тајната дека за инстантно префинет изглед е потребен добро одбрано сако, без разлика дали е смокинг или металик.

7. Внимание: Следат облини

Ким Кардашијан има сериозни облини и таа не се плаши да ги покаже. Реалити ѕвездата знае што одговара на нејзината бујна фигура и се држи до комплети кои го истакнуваат тоа.

8. Остани во сенка

Оливија Палермо ги обожава Westward Leaning очилата за сонце, кои се неразделен патник на нејзиниот стил, толку многу што брендот соработувал со неа на нејзин личен пар очила, а стилската експертка е ретко видена без нив.

9. Доврши со шешир

Роузи Хантингтон-Вајтли е секогаш во движење, и топ моделот го преферира патувачкиот стил. Земете тесни фармерки, склопете ги со удобни чизми и комотна маица, и довршете со шешир- добитна комбинација дефинитивно.

10. Отсечете го комплетот

Со целото време поминато во фитнес салата со нејзината најдобра пријателка Карли Клос, напорната работа на Тејлор Свифт се исплатела- пејачката се насочила кон шик женствено отсекување на комплетот кој ги истакнува нејзините долги, тенки нозе и тонираниот стомак.

- Реклама -