Мачките се едни од најомилените домашни миленици.
Освен што се слатки и интересни овие животни имаат неверојатно необични навики. Иако секоја мачка, според изгледот и карактерот, е посебна и различна постојат некои особини кои ги поврзува. Ви претставуваме 10 најинтересни факти за мачките сои сигурно не сте ги знаеле:
1. Урината на мачките свети под ултравиолетова светлина.
2. Мачката во својот живот може да омачи повеќе од 100 мачиња.
3. Секое омачување може да биде од различни мачори (татковци).
4. Секоја година домашните мачки во Америка касаат 40 илјади луѓе.
5. Дури 33 животински врсти изумреле благодарение на овие ловци.
6. Мачките не сакаат водата да им стои покрај садот за храна.
7. Клучната коска кај мачките е одвоена од другите коски.
8. Мачките ретко мјаукаат една на друга. Тоа го прават само на луѓето.
9. Мачките спијат 16 часа дневно.
10. Додека се будни, мачките една третина од времето го поминуваат во чистење на крзното.