Страшните поплави кои се случија во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, покажаа дека во целата несреќа на овие простори постојат голем број на прекрасни хумани луѓе.
Фотографиите кои во последните неколку дена се проширија на социјалните мрежи, потврдија како во најтешките мигови, сепак, сите сме само обични луѓе, чии материјални, верски, етнички или интересни разлики и воопшто не се важни.
Во оваа тешка измината недела се почувствува вистинска соединетост меѓу граѓаните, и можеше да се здогледа најубавото лице на хуманоста. Ви ги прикажуваме најемотивните и најсподелуваните фотографии снимени за време на поплавите кои го опколија Балканот.