Со едноставен трик до помалку калоричен ориз

Научниците докажаа дека со еден едноставен трик можете да ја преполовите калориската вредноста на оризот. Згора на тоа можете да му додадете и хранливи својства што обично ги нема.

Оризот е супер и за разлика од останатите житарки многу едноставно се подготвува, а неговиот скроб полесно се вари. Но, како и останатите житарки, има една клучна маана – не е баш најдобар за нас. Оризот го потикнува гоењето и го зголемува ризикот од дијабетес тип 2. Особено е штетен белиот ориз – една шолја содржи 200 калории и тоа воглавно „празни“, т.е. чист скроб без многу други хранливи материи.

Како што рековме, научниците најдоа многу едноставен трик со кој може да се преполови калориската вредност. Во својот експеримент, го вареле оризот како и обично, со тоа што пред да го стават оризот во зовриената вода, додале малку кокосово масло, количински околу 3% од вкупната количина на ориз. Потоа, го оставиле да се лади во ладилник околу 12 часа.

Со варењето на оризот, скробот во зрното станува лесно сварлив, па организмот лесно го претвора во шеќер, а потоа гликогенот го складира како масти. При пржењето или другите начини на подготовка на оризот, скробот не ја менува својата сварливост што го прави потежок за организмот да го претвори во масти.

„Додавањето на липиди (во случајов кокосово масло, иако и други масла би имале слична улога) драстично ја смалува количината на лесно сварлив скроб“, објаснува Д-р. Пуспараја Тавараја. Како што вели тој, маслото реагира со скробот и ја менува неговата структура. Ладењето помага скробот да се зацврсти во неговиот „потежок“ облик, па оризот станува помалку калоричен дури и откако повторно ќе го загреете.

- Реклама -