Од прирачникот на мажот готвач

Не можеме да негираме дека најдобрите готвачи во светот се токму мажите, но исто така апсурдно е да се негира дека во домашни услови повеќето мажи ужасно се снаоѓаат во кујната.

Од овие причини да се посмееме на сметка на аматерите – ентузијасти.

Земете од фрижидерот 10 јајца, оставете седум здрави на масата, сега избришете го подот и следниот пат бидете повнимателни.

Земете голем сад и во него искршете ги јајцата од работ, а потоа истурете ја нивната содржина во чинијата. При поделбата на жолчките и белките бидете внимателни. И така, имате 5 жолчки во чинијата. Сега земете миксер, ставете ги рачките за мешање и измешајте ги жолчките… ништо, пробајте пак да ги поставите рачките … Сега мешајте.

Измијте си  ги лицето, вратот, рацете и грбот, извадете ја жолчката од ушите.

И така, сега имаме во чинијата 2 скршени жолчки, колку и ни се потребни за колачот.

Сега обложете ги  ѕидовите и прозорците на кујната со весници, покријте го мебелот со некакви стари партали …

Време е да го додадеме брашното, ставете во чаша 200 грама, истурете ја чашата во садот кај жолчките, а останатите 800 грама внимателно соберете ги и вратете ги во пакетот.

Откако се убедивте дека ѕидовите и прозорците се навистина добро обложени, започнете со подготовка на смесата.

Земете 4 големи јаболка и остар нож, однапред заминете до аптеката по јод и завој. Време е да пристапиме кон чистењето на јаболката, завијте го палецот.

Исечете ја јаболката на коцки и запомнете дека ни се потребни 2 јаболка, така што во процесот на подготовка може да изедете само половина.

Единствената останата и ситните ленти на јаболко додадете ги во чинијата.

Останатите соберете ги од земјата и отстранете ги.

Промешајте повторно со миксер, измијте го фрижидерот од капките, бидејќи ако се засуши, се мие тешко.

Сега истурете ја готовата смеса во умерено намачкана тава со маслло и ставете во рерна.

Почекајте еден час и ако нема видливи промени , вклучете ја рерната.

Ако се разбудите и не ѕвони пожарната, отворете ги прозорците и рерната.

По сите искуства отидете во најблискиот паб.

- Реклама -