Рецепт кој треба да го пробате: Пржен сладолед

Нема некој кој не ужива во неодоливиот вкус на сладоледот. Но, дали сте пробале пржен сладолед? Да, на прво слушање звучи чудно и нереално, меѓутоа, станува збор за навистина превкусен десерт кој со сигурност ќе ви се допадне. Денес ви прикажуваме рецепт за како да го подготвите во домашни услови.

Состојки:

– 8 топки сладолед (со вкус по избор)
– 3 чаши издробен корнфлекс
– 1 ч.л. цимет
– 1 ч.л. шеќер
– 3 белки од јајце
– масло за готвење

4e64c_Cake_Recipe_fried-ice-cream-1A-600

Подготовка:

Наредете ги топките сладолед во чинија и ставете ги во фрижидер 1 час, за да се стврднат.
Во длабок сад измешајте ги корнфлексите, шеќерот и циметот.

Во друг сад изматете ги белките од јајце.

Извадете ги топките сладолед и истркалајте го во садот со корнфлекси, така што да има корнфлекс од сите страни. Ставете ги топките повторно во фрижидер околу 30 минути.

Извадете ги и макнете ги во белката од јајце и повторно истркалајте ги во корнфлексот. Ставете ги уште еднаш во фрижидер. Овој пат оставете ги 1-2 часа.

Во тенџере ставете доволно масло, за да можат да се потопат топките сладолед. Загрејте го на висока температура.

Извадете го сладоледот од фрижидер. Најдобро е да пржите по една топка. Ставете ја топката сладолед во жешкото масло и пржете 10-15 секунди. Вртете ја за да се испржи од сите страни.

Врз секоја топка може да ставите шлаг пена, парче плод или да ја прелиете со чоколаден прелив или мед.

Послужете го сладоледот топол.

Совет:

Ако во почетокот не успеете да направите идеални топки, не се разочарувајте. Откако ќе се стврдне сладоледот, ќе можете полесно да гo обликувате, дури и со раце.
Не го пржете сладоледот подолго од 15 секунди, затоа што може да пукне обвивката и сладоледот да истече во маслото.

- Реклама -