7 најчести грешки поради кои колачите не ви успеваат

Проблемот кој многу почетници во кујната ги доведува до откажување во подготовката на колачи е нивниот лош исход.

Всушност, често се случува иако го следите рецептот во целост, од чекор во чекор, по печењето резултатот не е задоволувачки, поточно целосна катастрофа. Откриваме најчести грешки поради кои вашите колачи не успеваат.

1. Наместо прашок за пециво користите сода бикарбона и обратно

Прашокот за пециво е направен од сода бикарбона, но неговата структура и текстува е сосема поинаква, како и влијанието кој го има во одредени рецепти. Сода бикарбоната само реагира и произведува јаглерод диоксид кога се меѓа со кисели состојки како чоколадо, јогурт, кисело млеко или оцет. Прашокот за пециво пак произведува јаглерод диоксид кога се меша со вода.

2. Избегнувајте просејување на суви состојки

Во многу рецепти означено е како сувите состојки треба да се просејат пред додавање во смесата, но многумина го прескокнуваат ова. Овој чекор е важен бидејќи просејувањето на брашното ги отстранува можните грутки во тестото, додека просејувањето на прашокот за пециво гарантира дека на површината на колачот нема да се појават дупки.

3. Ја отварате вратата на рерната за време на печењето

Отварањето на вратата од рерната ја ослободува топлината, и тоа предизвикува уништување на колачот. Тоа се случува бидејќи смесата во средината останува свежа и потребно е точно назначеното време за целата да се претвори во посакуваната текстура. Ова правило особено се однесува на колачите и тортите без брашно.

4. Предолго го мешате тестото

Се повеќе се користат автоматизирани миксери, а тие тестото го мешаат премногу силно, и создаваат воздушни меури кои по печењето само ќе спласнат. Правилото е дека шеќерот и путерот трпат силно миксирање додека другите состојки треба рачно да ги мешате.

5. Заборавате да го протресете калапот со тестото

Посебно наведен во речиси секој рецепт е советот дека тестото по ставањето во калап треба да го протресете, но многумина ова го избегнуваат, и како резултат добиваат површен колач кој е рапав. Овој совет е важен бидејќи тресењето на тестото, особено она кое е дебело и лепливо, ги вади меурчињата што спречува колачот да спласне и остане со дупка во средина.

6. Белките брзо ги додавате во смесата за миксирање

Грешката која многу ја прават со цел побрзо да завршат со подготовка на колачот е брзото додавање на белките во смесата. Поточно, на овој начин белките стануваат воденести, ја губат пенливата структура поради кое тестото по печењето во средината останува влажно и свежо. Белките треба да се додаваат во смесата со лажица малку по малку, на самиот почеток и потоа нежно да се меша.

7. Премногу долго ја оставате жолчката и шеќерот без мешање

Многу рецепти, особено за торти започнуваат со првиот чекор на миксирање на жолчките со шеќерот, но сосема лесно на почетокот можете да предизвикате лоша текстура на колачот. Шеќерот се врзува за жолчката и се создаваат кристали кои тешко се миксираат и претвараат во мазна текстура, освен тоа сите следни состојки тешко се провзувааат во хомогена смеса.

- Реклама -