После 16 години „МекДоналдс“ си оди од Македонија

После 16 години, американскиот ланец за брза храна „МекДоналдс“ си оди од Македонија. Како што објави „Дневник“: „Мекдоналдс Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“, која, почнувајќи од 14 мај, не смее да работи под брендот „Мекдоналдс“.

Ова е официјалниот одговор од европската централа на најголемиот синџир за брза храна во светот на прашањето зошто неколку дена се затворени сите седум ресторани на „МекДоналдс“ во Македонија.
За сега нема информација дали некоја друга компанија е заинтересирана да ја превземе франшизата и дали компанијата во Македонија, која до сега ја поседуваше лиценцата, ќе одлучи дали рестораните ќе продолжат да работат под некој друг бренд. Ова се случува по шеснаесет години од отворањето на првиот ресторан „МекДоналдс“ во центарот на Скопје.

- Реклама -