4 во 1: Хај-тек лажица (со мерица) на превиткување

Ако кујната ти е меѓу побитните нешта во животот, тогаш гарантирано ти треба лажицава. Инспирирана е од јапонската техника на виткање хартија – оригами, па со превиткување по потреба, можеш да добиеш 4 различни форми. Секоја од нив означува посебна мерка: половина лажица, 1 лажица, 1 и пол лажица и две лажици. Кога не ја користиш, се исправа како да е обичен линијар, што значи дека е суперлесна за миење.

Многумина сметаат дека ова е еден од подобрите проекти на Kickstarter. Ако сте и вие еден од нив, можете да го поддржите и да си порачате ваква мерица ТУКА.

- Реклама -