Од банкрот до длабока депресија: Колапсот на познатата пејачка

Пејачката откри дека таа поминува преку најлошиот период од својот живот.
Тони Брекстон беше една од најпопуларните пејачки во 90-тите години, а така го доби и прекарот „кралица на R&B“.
Оваа добитничка на шест Греми ја откри мрачната страна на својот успех. Пејачката веќе подолго време се бори со депресијата, банкрот и болест, пишува Radar Online.

Две години откога го објавила својот најпродаван албум „Secrets“, Брекстон открива како започнал нејзиниот најлош период од животот. Откога банкнотирала, паднала во длабока депресија.

– Многу плачев. Секој ден. Едноставно не можев да верувам дека себеси се доведов во оваа сиуација- напишала пејачката во своите најнови мемоари.

Пејачката својот 5 милиони голем долг го препишува на лошите бизнис договори и екстравагантните трошоци на турнеите.

– Имав самоубиствени мисли. Не внимавав додека поминував улица и почнав да одам низ Њујорк како зомби, открила таа.

Но, тоа не е сè. Зад пејачката има и абортус, и таа верува дека поради тоа таа е казнета и нејзиниот најмлад син бил дијагностициран со аутизам, пишува Radar Online.

- Реклама -