Сите имаат една Јана

Јана ми е комшика од дете. Си игравме на улица, Јана ги имаше најубавите фустанчиња. Јана ја сакаа сите. Јана се што сакаше секогаш имаше. Еден ден се отсели од Скопје, улицата ми остана празна. Еј колку ја сакав. И уште си ја сакам. После толку лета, застанат јас во Хавана со последното пиво во рака, спремен да си одам. Ете ја Јана, истата Јана со најубавите фустанчиња. Мојата прва љубов! Во Хавана! Тик так тик так, доаѓа со штиклите. Спремна да ми каже нешто, а јас глуп па ја пољубив одма. Што ти прави -50% попуст во Хавана. Ме тргна, ме фати за рака и ме однесе во некој стан. Нејзин бил, на користење кога доаѓала на одмор во Скопје. Страст, емоции, Јана, пиво, Скопје.. другари, све во едно, цел живот на две перници и еден душек. Другиот ден Јана се спакува: Морам назад за Америка. Јас се омажив, дојдов да ги досредам документите. Ти, ти си ми љубовта што ќе ја сакам дур сум жива. Ти си човекот за кој сонував, ама не превземав ништо. Со тебе ќе живеам дури и кога нема да знаеш дали уште постојам. Знаеш како викаат… некои љубови се чуваат далеку од срце и очи, зошто некои љубови се наречени Страст, за така запаметени да останат. Мојата Јана ми остави страст, а јас неа срцето. Иронија брате, девојка ми сега се вика Јана. И си ја сакам. Ама не како Мојата Јана. Факт.. сите имаат една Своја Јана во животот што ја задржале колку што трае една страст. Моја Јана.

Автор: Стојковска Сања

- Реклама -