Долгото седење предизвикува постојани болки во грбот

Седењето ги ослбува мускулите на задникот и нозете и предизвикува затегнатост во колковите, што потоа доведува до хронични болки во грбот. Со намалување на времето поминато во седење се намалува ризикот од смрт од кариоваскуларни болети за 42 проценти, открива една канадска студија.

Ито така, некои истражувачи сметаат дека со поголема подвижност не само што се ослободува поголема енергија, туку се активира и клучниот ген за согорување на мастите на нозете. За да ги избегнете сите овие псоледици се препорачува да го организирате работното место, за да можете и да стоите и да седите додека работите-идеално би било на 45 минути стоење да дојдат 15 седење.

Додека пак работите на тастатурата, рацете треба да бидат поставени под агол од 90 степени, додека пак очите треба да бидат на исто ниво со мониторот. Ова го тврди Бил Хартман, од центарот за Фитнес и Спортови во Индианаполис.
ergonomically-sitting-at-the-computer

Започнете со 10 минутно стоење на секој час и потоа, пополека зголемете го времето, како што ви се подобрува физичката кондиција. Доколку во вашата канцеларија не постојат услови за стоење, тогаш обидете се со некои вежби за опуштање на мускулите по долго седење.

- Реклама -