4.236 активни случаи во земјата од кои 400 во општина Аеродром, вкупно 415 пациенти од Ковид-19 во болниците

По денешните нови 445 нови случаи на ковид-19, бројот на активни случаи во земјата продолжува да расте и во моментов изнесува 4.236.

По градови, распоредени се вака:

• Скопје 8872, активни 1969
• Куманово 1898, активни 168
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1381, активни 125
• Прилеп 839, активни 181
• Тетово 1622, активни 226
• Струга 727, активни 65
• Велес 392, активни 69
• Битола 403, активни 111
• Охрид 476, активни 60
• Кавадарци 284, активни 63
• Гостивар 1003, активни 84
• Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 473, активни 281
• Крива Паланка 161, активни 54
• Радовиш 148, активни 62
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 512, активни 201
• Пробиштип 130, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 4
• Берово 155, активни 51
• Валандово 64, активни 36
• Виница 141, активни 46
• Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 407, активни 59
• Кичево 363, активни 37
• Ресен 171, активни 10
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Во главниот град, продолжува да се издовојува општината Аеродром, кога изминативе денови беше во групата со Карпош и Центар со по околу 330 активни случаи, но во моментов е многу „понапред“ од нив, со 400 активни случаи. Дистрибуцијата во Скопје изгледа вака:

• Чаир – 84
• Гази Баба – 180
• Аеродром – 400
• Карпош – 344
• Центар – 353
• Кисела Вода – 232
• Ѓорче Петров – 169
• Бутел – 74
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 3
• Сарај – 17
• Арачиново – 4
• Илинден – 28
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 6
• Петровец –8
• Зелениково – 5
• Странец – 11
• Нераспределен-21

Бројката на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19 во болниците и инфективните одделенија низ земјава и денеска е висока, со вкупно 415 хоспитализирани.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19, информира Министерството за здравство.

- Реклама -