Пропадна и вториот тендер за уривање на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, јунак сѐ уште не се наоѓа

Фото: Алсат

Вчера заврши и вториот тендер на Општина Чаир за „Работни активности за уривање на дивоградби“, односно за фирма која ќе ја урне, меѓу другото, и дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“ која беше изградена на местото на изгореното кафуле „Фонтана“.

И на вториот тендер, повторно не се пријавила ниту една фирма, објави „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Како што велат од Општина Чаир за порталот, во понеделник ќе имаат состанок со одделението за јавни набавки, за да ги одредат понатамошните чекори и да побараат можност, согласно Законот за јавни набавки, да можат да изберат фирма за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“ и во иднина да избегнат неуспешни тендери.

- Реклама -