Техничката влада без Кочо Анѓушев?

Иако во „Топ тема“ најави повлекување од политиката по изборите, без оглед на исходот, во изјава за „Алсат“ вицепремиерот Кочо Анѓушев јасно порачува дека желбата му е тоа да го направи порано.

Според него, едноставно нема потреба тој да остане на функцијата во Влада која нема мандат да одлучува:

„Значи, јас имам потреба да седам во Влада сѐ додека Владата има мандат да одлучува. Влада којашто нема мандат да одлучува е политичка Влада и во таа Влада јас немам потреба да бидам присутен“, вели Анѓушев.

Прашан техничката Влада ќе биде без Кочо Анѓушев, вицепремиерот вели: „Па еве, тоа останува да го видиме“.

Во разговорот со „Алсат“, Анѓушев објаснува и зошто тврди дека му опаднал профитот и до 50%, наспроти податоците објавени од „Рефлектор“, кои барем навидум го покажуваат обратното. Погледнете ТУКА.

- Реклама -