Асани се врати во затвop без да го проба сендвичот…

Затвopeникот Фидан Асани, кој денеска им побегна на полицајците од „Идризово“ додека си купувале и веројатно и нему му купувале сендвич, по само неколку часа, околу 17:30, е фатен во близина на селото Пресница во општина Липково, на пат кон границата со Косово.

Како што соопшти денеска директорот на затвopoт – Боби Мојсоски, за повеќе медиуми, Асани немал посебно големи тешкотии да избега, бидејќи не бил ниту соодветно врзан. Кога полицајците се вратиле со сендвичите, од кои според Мојсоски еден бил и за затвopeникот, тој лесно ги оттурнал и се вдал во бегство.

Според очевидци за „Сител“, настанот се случил за време на големиот одмор на средношколците, а Асани се качил во автомобил кој го чекал од спротива.

 

Како што најави Мојсоски, сите одговорни (читај: крајно неодговорни) службеници ќе бидат суспендирани, бидејќи ниту смееле да ја менуваат рутата, а уште помалку да застануваат.

- Реклама -