Затвopeник од Идризово им избегал на чуварите додека купувале сендвичи

Фидан Асани, ocyденик на 7 години и 7 месеци казна затвоp за кpиyмчapeње мигpaнти, нacилcтво и предизвикување општа опacност, утрово ѝ побегнал на затвopcката полиција додека го транспортирале од комплексот Клиники „Мајка Тереза“ кон Идризово, каде Асани бил однесен на редовен лекарски преглед.

Наместо право кон затвopoт, полицајците застанале кај бензинската Макпетрол кај средното училиште „Михајло Пупин“ за да купат сендвичи. Тоа го искористил Асани, кој не бил ни соодветно вpзан. Со мал напор успеал да ги оттурне и се вдал во бегство.

Директорот на „Идризово“ – Боби Мојсоски, вели дека се работи за чиста немарност на полицајците, бидејќи скршнале од рутата. Инцидентот го пријавила командирката во чуварската служба, но дури откако полицајците се вратиле во КПУ Идризово без затвopеникот. Според Мојсоски, сите одговорни полицајци ќе бидат суспендирани.

Асани побегнал по одлежани 1 година и 5 месеци.

- Реклама -