Роднините на Егејците во Грција зборуваат на „друг јазик, кој не е грчки, и не е наше да кажеме на кој“

Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот на Владата – Миле Бошњаковски, на денешната редовна прес-конференција, ја „дообјасни“ изјавата на министерот за надворешни – Никола Димитров, околу тоа на кој јазик зборуваат „грчките Македонци“.

Накратко, Бошњаковски, како и Димитров, се повика на членот 7 од Преспанскиот договор, порачувајќи дека истиот е „јасен како ден“ и дека изјавата на Димитров се однесува на етничките Грци кои живеат во северна Грција и се декларираат како Македонци.

На преформулираното парашање „На кој јазик зборуваат роднините на Егејците кои живеат во северна Грција“, Бошњаковски одговори:

„Постои одредена категорија на население во Република Грција која не зборува на грчки јазик, која говори на друг јазик, меѓутоа не сме ние тие кои ќе детерминираме кој на каков јазик зборува“, бидејќи тоа би било мешање во внатрешните работи на друга држава, појасни Бошњаковски.

Целосната „препирка“ околу прашањето можете да ја погледнете на 10:43 во видеото од прес-конференцијата:

 

- Реклама -