Му се појавил ликот на Исус при рандом прошетка во парк

Додека порториканскиот актер Карлос Понс се шетал низ парк во Колумбија, на патот го пресретнала чудна глетка. Ликот на Исус Христос лично!

„Кога погледнав подобро, го видов како што треба. Тоа е потсетник дека Исус е со мене. Што мислите?, праша актерот на Инстаграм.

Дали констатацијата на Карлос е изнесена на шега, или е сериозен, не знаеме. Ама Карлос треба да е свесен за нешто што се вика пареидолија.

Бонус: Она кога наместо Исус ќе ти се појави Путин.

 

- Реклама -