Новиот робот на Boston Dynamic одржува рамнотежа подобро и од човек

Boston Dynamics, веќе некое време сопственост на Google, продолжува убедливо да чекори пред сите други во роботиката, а најтазе е што го програмираа нивниот хуманоид да одржува рамнотежа на тенко парче дрво.

Активното балансирање е тешка пречка за надминување за човеколиките роботи (тие на две нозе), но се чини дека новиот алгоритам кој му овозможува на роботот да ја пренесува тежината од еден на друг дел од телото, а е дело на IHMC – има голем потенцијал да ја турне индустријата голем чекор напред. Како што може да се види од видеото, роботот е способен да ја префрли тежината за само дел од секунда, дури можеби и подобро од многу од луѓето.

Овој нов робот е сé уште неименуван, бидејќи е направен главно за да се тестира употребата на новиот алгоритам за балансирање. А можеби најзначајно во целата работа: кога роботот конечно потфрла во одржувањето рамнотежа, паѓа исто како што би паднал и човек во таа ситуација.

- Реклама -