Кинезите претставија „златна батерија“, со 15 минути полнење – цели 500km возење

Производителите на електрични автомобили продолжуваат да се натпреваруваат кој ќе создаде подобра технологија кога станува збор за зголемување на дометот на возилата/ефикасноста на батеријата.

Најновиот претендент за титулата во таа трка е кинескиот Zeekr, кој ја претстави батеријата LFP, со која добивате до 500 километри досег за само 15 минути полнење. Првиот модел кој ќе користи „златна батерија“ ќе биде Zeekr 007, а потоа „уште некои возила“, како што велат од компанијата.

Благодарение на способноста за полнење од 500 kW, батеријата ќе може да се полни од 10% до 80% за само 15 минути, што ќе биде доволно за дополнителни 500 километри досег.

Новиот Zeekr се очекува да биде сериозен ривал на автомобилите на Tesla, а се базира на PMA2+ архитектура.

Компанијата инсистира дека оваа батерија, без оглед на нејзината густина, е многу безбедна и отпорна на оган, а тоа го докажале и при тестирањата што ги направиле надлежните институции во Кина.

Autocar објави дека новите Zeekr LFP батерии подоцна ќе се најдат во автомобили од други марки на истата компанија, како што се Geometry, Polestar, Proton, Smart, Volvo и Lotus.

- Реклама -