Разголената Џеј Ло предизвика скандал

Џеј Ло „се фрли“  против сите кои ја критикуваат, бидејќи сака да носи разголена облека.

Од неодамна 45-годишната пејачка не престанува да се појавува во јавноста без прилично длабоки деколтета што ги откриваат нејзините форми, како и да снима примамливи фотосесии.

Токму поради ова Џенифер однесе еден куп критики и негативни коментари.

„Што? Само затоа што сум мајка, не ми е дозволено да сум секси, така ли?”, изјави Џеј Ло.

„И според вас како сум ги направила овие деца”, додава пејачката. „На крајот  на денот моите деца едноставно се заинтересирани дали сум дома да им обрнам внимание, а не колку сум секси и гола во новиот спот”, побрза да возврати Џеј Ло по коментарите.

Очигледно на 45-годишната ѕвезда никако не и се допаѓа фактот што многумина веруваат дека таа веќе е „премногу стара“, за да прави слични разголени клипови како Booty, или пак да снима фотосесии по костими за капење.

- Реклама -