Актерката воодушевена: Горда е бидејќи ја споредуваат со Амал

Холивудската актерка Ен Хатавеј неодамна добила комплимент кој многу ѝ се допаднал.
Всушност, еден новинар за време на едно интервју рекол дека многумина ја споредуваат со познатата адвокатка Амал Аламудин, сопругата на Џорџ Клуни.

Оваа споредба актерката многу ја изненадила, бидејќи, се чини дека не ни помислила дека некои луѓе сметаат дека тие две личат една на друга.

„Навистина? Никогаш тоа не ми го кажал никој, ви благодарам. Тоа е феноменално“, воодушевено рекла актерката и додала:

„Се надевам дека еден ден ќе станам барем половина од жена каква што е таа. Таа е неверојатно остварена и никој за кого би можеле да кажете „Ти навистина го правиш овој свет подобро место.“

- Реклама -