Познатиот актер повеќе не изгледа вака- ставил 7кг чисти мускули!

Прво ослабел до непрепознатливост, а сега ставил мускули- сето тоа во една година!

Се чини дека актерот Џејк Гиленхал ќе направи се што треба за улогата.

И додека шокираше со своето „испиено“ појавување во филмот „Nightcrawler“, сега ставил 7 килограми чисти мускули за да го одглуми боксерот Били „Големиот“ Хоп. Станува збор за голем спортист кој изгубил се во лична трагедија и е присилен да се бори во рингот за да се искупи.

View image on Twitter

„Мислам дека Џејк буквално раскина со девојката поради улогата, бидејќи нон-стоп бил во теретана, секој ден. Тренираше како професионален боксер. Никој освен боксерите не може да сфати колку одрекувања се потребни за да се биде боксер“, рекол Антоан Фуку, режисер на филмот „Southpaw” за Deadline.

Се чини дека трудот се исплетил бидејќи познатиот актер изгледа подобро од било кога, па сега едвај чекаме да излезе и самиот филм.

- Реклама -