Откриена е вистината за едно од најеротските музички видеа некогаш (ВИДЕО)

Спотот за песната „Wicked Game“ на Крис Исак, е снимен пред 24 години, но и понатаму важи за еден од најеротските спотови на сите времиња.
Главната актерка во ова видео е манекенката Хелена Кристенсен, која трча по песокот само го гаќички, и се милува со Крис.

Поради тоа, веројатно ѝ завидувале голем број на жени ширум светот кои биле заљубени во познатиот пејач, но таа откри дека сепак не било сè е толку розово.

„Да бидам целосно искрена, а тоа би можело да ги разочара романтичните ширум светот, нозете ми беа целосно крвави од колената до стапалата бидејќи трчав по црна лава која ја сечеше мојата кожа. Па начинот на снимање на видеото воопшто не беше гламурозно и секси, но кој се грижи за тоа, се исплатеше“, рекла таа.

- Реклама -