Порака до Ѓоковиќ: „Знам дека имаш жена, но…“

Новак Ѓоковиќ повторно во центарот на вниманието поради ова видео!
Новак Ѓоковиќ повторно се најде во центарот на вниманието порадни хумористичната обработка со хитот „Call me maybe“ на популарната пејачка Карли Реј Џаспен.

Познатиот хит доживеа хумористична обработка насловена „Play me maybe“. На почетокот на видеото пејачката објаснува дека е свесна дека тенисерот има жена, но потребен ѝ е за да ја научи подобро да игра, а Новак дури и се појавува на крај на видеото и ја прифаќа понудата за меч.

Screenshot_11

Најдобриот тенисер во светот се подготвува за новата улога на татко. За помалку од два месеца на свет ќе дојде неговото прво дете, неговиот наследник кој одлучиле да се вика Марко, по помладиот брат на Новак. Српските медиуми пишуваат дека Јелена одлучила да се породи во Монте Карло каде и парот живее, но Ноле нема да биде присутен бидејќи ќе има турнир во Алжир.

- Реклама -