Најубавите вегетаријанци меѓу познатите

Актерите Џаред Лето и Елен Пејџ беа прогласени за најсекси личности.Ѕвездата од „Клубот на купувачите од Далас” ја освои машката статуетка на организацијата за заштита на животните ПЕТА.

Неодамна 42-годишниот Лето објасни дека неговиот младолик  изглед се должи токму на исхраната без месо.

Тој изјави дека во изминатите 20 години е вегетаријанец  и не престанува да се грижи за себе.

Во  меѓувреме 27-годишната Пејџ  ја освои титулата меѓу жените, следејќи го примерот на Леона Луис, Оливија Вајлд, Натали Портман и др.

- Реклама -