Секој месец нов апартман: Ѕирнете во новиот дом на Леонардо ди Каприо

Актерот од “Волкот од Вол стрит” веќе е сопственик на 4 спратен  имот со две спални во зградата Delos во Њујорк, за кој испрати 10 милиони долари. Комплексот во кој се наоѓа станот, располага со секакви удобности за релаксација. Таму има тушеви, од кои тече витамин Ц, специјален систем за прочистување на воздухот и водата, како и систем за аромотерапија.

Минатиот месец актерот купи за 8 милиони стан во Battery Park .

Во февруари пак, тој потроши 5,2 милиони за имот со шест спални во Палм Спринг, Калифорнија. Имотот зафаќа  површина од 5423 квадратни метри располага со седум бањи, целосно опремен фитнес салон, куќа покрај базенот и затворено тениско игралиште.

- Реклама -